Гласачите на ДУИ ќе ја гласаат сопругата на Курто Дудуш за пратеник, Дудуш добива директорски места

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Партијата на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш постигна договор со ДУИ за заеднички настап на парламентарните избори.

Како што вчера објавивме, Дудуш се сретна со Али Ахмети и се договорија за предизборна коалиција со ДУИ.

Сега тој добива кандидат за пратеник, a се работи за неговата сопруга Фатима Османовска.

Таа ќе биде број 5 во изборната единица 2.

Дудуш добил и ветување за функцијата директор на ГТЦ-Скопје, како и директор на Центарот за социјална работа – Скопје.