Годишната инфлација во еврозоната во декември порасна на 2,4%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Годишната инфлација во еврозоната во декември, според прелиминарната блиска проценка, порасна од ноемвриските 2,2 на 2,4 отсто, објави Евростат.

Цените на енергенсите во еврозоната се зголемени за 0,1 отсто на годишно ниво, што претставува значителна промена во однос на ноември, кога е забележан нивен пад од два отсто.

Како што се наведува, цените во услужниот сектор пораснале за четири отсто на годишно ниво, со благо забрзување во однос на октомвриските 3,9 отсто, а цените на храната за 2,7 отсто, со исто темпо како и во октомври.