Ѓоковиќ го потврди епитетот најдобар на сите времиња, и најави дека ќе игра и на следните Олимписки игри

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Новак Ѓоковиќ со олимпиското злато освоено денеска, стана најдобриот тенисер на сите времиња. Токму тој медал му недостасуваше во неговата блескава кариера, откако ги има освоено сите други трофеи.

Со победата над Карлос Алкараз во два сета денеска, Србинот успеа да дојде до драгоцениот медал.

Сепак и покрај тоа што се чинеше дека ова за него ќе биде последен настап на Олимписките игри, сепак, тој најави дека ќе игра и на следните.

„Не сакам да застанам тука, сакам да настапам и на следните Олимписки игри во Лос Анџелес“, вели Ѓоковиќ.