Голем пожар во Калифорнија, наредена е задолжителна евакуација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем пожар што го зафати регионот Напа во Калифорнија се прошири на површина од речиси 2.800 хектари, а на населението му е наредено да се евакуира, објавија денес американските медиуми.

Според извештаите, пожарот се шири брзо, а пожарникарите се борат со елементите и од земја и од воздух.

Ноќните хеликоптери и беспилотни летала, исто така, помогнаа за време на ноќното гаснење на пожарите.