Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 проговори и за хаосот со автобусите во Јавното сообраќајно претпријатие.
Тој вели дека сега се помалку случаи за разлика од минатото.
„Освен што доцнеа плати, освен што имаше безредие, приватни превозници не возеа, ние имавме хаос и со автобусите кои се во сопственост на ЈСП. Ние имаме повеќе од 30 автобуси наши ставени во функција“, рече Ѓорѓиевски.
На прашање за тоа каде биле, Ѓорѓиевски порача „на сервис“.
