Град Скопје со порака: „Гушни го појасот, а не соговорникот“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На електронските инфо-табли на влезот во Скопје денеска осамна пораката „ГУШНИ ГО ПОЈАСОТ, А НЕ СОГОВОРНИКОТ.”

Идејата на пораката е да се подигне свеста кај граѓаните за последиците од Корона вирусот, но и за важноста од ефикасната заштита.

Нивната цел е да го привлечат вниманието кај граѓаните и да укажат на препораките рацете задолжително да се мијат, да се избегнуваат јавните собири и да се намали движењето.

Во истовреме, укажуваат и на обврската за ставање сигурносен појас додека граѓаните се во своето возило, за да се зголеми нивната безбедност кога се вклучуваат во сообраќајот.