Два дена воопшто, а претходните неколку денови рестриктивно, жителите на Грчец немаат струја.
Како што обвинуваат, во месец рамазан, свет месец за муслиманите ЕВН ги оставила без струја и на овој начин ги казнуваат и оние што плаќаат, но и оние што не плаќаат струја.
Поради тоа жителите на ова село излегоа на протест пред подружницата на ЕВН во Ѓорче Петров и бараат да добијат струја, односно да нема веќе прекини кои според нив се случуваат често.
Од, ЕВН велат дека во село Грчец вчера околу 8 часот наутро настана дефект поради што снабдувањето со електрична енергија е се уште во прекин.
Овој дефект е последица на контуинирано неовластено и неконтролирано користење на електрична енергија од страна на мештаните, односно крадењето на струја.
Трафостаниците се преоптоваруваат и оштетуваат, како и останатата енергетска опрема, а како резултат се појавуваат сериозни дефекти.
Од ЕВН воедно велат дека нивните екипи често пати се соочлуваат со вербални и физички напади поради што целост се нарушува нормалното функционирање и работење.
