Грчките угостители очајни: „Тоа е катастрофа“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сопствениците на грчките ресторани и кафулиња, побарале од владата дополнителна помош поради зачувување на работните места и извори на средства за живот.

Причината е тоа што секторот им е тешко погоден од мерките за забрана поради коронавирусот.

Грција силно се потпира на туризмот и има околу 80 илјади ресторани и кафулиња кои вработуваат 350 илјади лица.

Во септември минатата година се затворени, за да се спречи ширењето на Ковид-19, и смеат да пружаат само достава на храна и да продаваат пијалоци за носење.

Тие не очекуваат наскоро нормализација на работите, особено после изјавата на премиерот Кирјакос Мицотакис кој нареди целосен локдаун во Атина и во периферијата поради новиот раст на позитивни случаи.