Грција одвои 30 милиони евра за помош за штетите од пожарите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грчките власти денеска најавија дека ќе понудат итна отштета во вкупен износ од неколку милиони евра на стотици домаќинства и бизниси кои претрпеа штети од пожарот.

Сè уште не е јасно колку државата планирала компензација, но владин претставник за Ројтерс изјавил дека сумата ќе надмине 30 милиони евра, вклучително и 5,2 милиони евра дополнителни субвенции за погодените општини, пренесува Ројтерс.

Инспекциите досега идентификуваа околу 146 куќи кои беа сериозно оштетени и 31 фирма кои беа зафатени од пожарите.

Пожарот во реонот на Атина зафатил површина од околу 10.000 хектари, а во пожарот животот го загуби една жена. Пожарот започна на 11 август во близина на градот Варнавас, на 35 километри од главниот град, а за помалку од еден ден стигна до северните предградија на градот, до шумската падина на планината Пентели во близина на Атина.