Хотели фантоми? – Има ли злоупотреба на државните пари во хотелиерството?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дали  се наменски употребени   парите  од антикризните пакети  кои требаше да бидат  помош во секторот туризам и хотелиерство ?

ТВ 21 дојде до непотврдени информации за малверзации во Хотелиерството при  користењето на финансиската помош.

Попрецизно, станува  збор за  злоупотреба на парите од страна на т.н  “Газди на Хотели “.

Тие според нашите сознанија искористиле помош за рестартирање на дејноста Хотелиерство, но на терен не постои ни трага од нивните Хотели. Дали е ова навистина така и постои ли можност за наводната  злоупотреба?

Упатените во секторот туризам со кои ТВ21 контактираше не ги отфрлаат во целост ваквите сознанија.

„Не можам да кажам дека имам информација, освен дека имаше информација за некои проневери што се слушаа во однос на ваучерите кои ги добија граѓаните за да ги користат во хотели…..Меѓутоа имаше шпекулации дека во хотелиерството има такви ситуации“, вели Ана Марија Алексова.

Претседателот на ХОТАМ не можеше да ги потврди ваквите сознанија но кажа дека нерегуларности во Хотелиертсвото и угостителскиот сектор постојат. 

„Тоа не можам да го тврдам со оглед на тоа што секојдневно се отвораат и затвораат хотели. Треба да се земе историја на работење на сите хотели, кој колку данок плаќал досега. Државата точно знае кој хотел колку данок плаќал и колку може да добие средства и грантови, така треба да се примени и помошта…“, посочи Крсте Блажевски.

Иако не беше дециден за постоење на т.н  Хотели фантоми ,  Блажевски  упати на други нерегуларности во Хотелиерството и угостителскиот сектор .

„И ден денеска  а сме сведоци да некои објекти работат на непријавени  свадби, веселби, кои се забранети со закон  а секако се работат има некои што нив ги остава да работат да ги прават тие дејствија“, додаде Крсте Блажевски.

ТВ 21 побара листа на постоечки Хотели и такви кои се регистрирале за подигање на државна парична помош.

Надлежните топката ја префрлаат од врата на врата.

Прво ни беше посочено дека одговор  треба да побараме во  Министерството за финансии. Тие пак не препратија на адреса на УЈП, за на крај да добиеме одговор дека одобренијата се во надлежност на Генералниот секретаријат на Владата.

Од таму се уште чекаме одговор. До неговото добивање и Хотелиерите и Туристичкиот сектор апелира на поголема контрола од страна на државата.