И ДУИ има закон за правична застапеност, Мицкоски вели беа на власт и имаа можност тогаш да го предложат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ДУИ беше во власта 20 години, а и господинот Блерим Беџети едно време беше и министер за правда и тогаш имаа можност да предложат закон за правична застапеност. Ова е одговорот на премиерот Мицкоски по најавите на Беџети дека ДУИ ќе предложи ново законско решение.

-Демократската унија за интеграција повеќе од 20 години имаше можност да достави законско решение кое што ќе биде уставно и така натаму, таа можност ја испуштија. Оваа Влада оваа коалиција има внатрешен демократски механизам и веќе се работи на ниво на работни групи во креирање едно вакво законско решение кое што ќе обезбеди правична застапеност но истовремено ќе биде и согласно Уставот и согласно темелните вредности, на Уставот, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Беџети во интервју за ТВ24 тврди дека одлуката за укинувањето на Балансерот е политичка, а воедно не исклучува и коалицијата Европски фронт да поднесе закон за рамноправна застапеност.

-Тенденцијата што му беше предизборно ветување за Балансерот се оствари и реално сака и ќе бидеме сведоци дека се купува време со овие флоскули дека ќе ги праќаат во Венецијанската комисија имајќи предвид дека околу 6 месеци траат мислења. Но тие мислења, не се задолжителни туку се советодавни, изјави пратеникот на Европскиот фронт, Блерим Беџети.

Уставниот судија Осман Кадриу во вчерашната емисија на ТВ21 рече дека одлуката на Уставниот суд за укинување на декларирањето на етничката припадност при вработувањата противуставна и додаде дека таа е донесена врз национална основа.