И економскиот директор на тетовската болница Артан Етеми поднесе оставка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По оставката на Флорин Бесими, директорот на тетовската болница, оставка поднесе и економскиот директор на болницата Артан Етеми.

„Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин.Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца.Ја споделувам болката со роднините на жртвите.“, напиша Етеми.