И натаму ништо од отворањето на границите, се очекува комисијата за заразни болести утре да одржи состанок

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продолжуваат жалбите на печалбарите за мерките на границите на Македонија. Тажни раскажуваат за ТВ21 дека се желни за нивната татковина, но не сакаат да дојдат за да седат затворени две недели. Урим од Германија вели дека една година се во изолација и дека сакаат да дојдат за да уживаат на одмор.

„Поради самоизолацијата во Македонија, не верувам дека ќе дојдеме поради тоа што имаме малку одмор и целиот ќе ни помине во изолација. Ние поминуваме 1800 километри за да ги посетиме нашите семејства, и да седиме изолирани, не вреди. Ние цела година сме во изолација овде и едвај чекаме да заврши училиштето и да дојдеме да ги посетиме семејствата, но за во изолација подобро да не дојдеме воопшто.“, вели Урим Ајдари.

Комисијата за заразни болести се уште нема дебатирано во врска со олеснување на протоколот за доаѓањето на печалбарите во нашата земја. Иако министерот, Венко Филипче во емисијата Клик Плус рече дека во текот на викендот, КЗБ ќе одржи состанок каде ќе се дебатира за границите, но експертите денеска не заседаваа.

Од Комисијата за заразни болести утре се очекуваат предлози за укинување на мерките кои го спречуваат доаѓањето на печалбарите во Северна Македонија. Тоа се ПЦР тест не постар од 72 часа и двонеделната самоизолација  кои важат за сите кои влегуваат во нашата земја. Министерот за економија, Крешник Бектеши, пред неколку дена изјави дека земјата ќе изгуби стотици милиони евра ако иселениците не доаѓаат ова лето. Тој исто така рече дека Владата ќе ја разгледа можноста за укинување на овие мерки, а тоа го поддржува и градоначалникот на Кичево

. И покрај одлуката на Владата од 17 јуни да ги отвори граничните премини на Северна Македонија, мерките за задолжително ПЦР тест и карантин при влез во нашата земја остануваат во сила.

Инаку, Србија, Албанија и Косово се соседни земји каде граѓаните на Северна Македонија можат да патуваат без тест и без карантин.

А за патување во Бугарија и Грција, како земји  на ЕУ, се применуваат препораките на Европската комисија за отворање граници на 1 јули. Така да, од овој датум, на граѓаните на Република Македонија ќе им биде дозволено да влегуваат во Грција и Бугарија.

Инаку, Владата го одобри решението за продолжување на работното време за угостителските објекти до полноќ во работните денови и до 1 часот по полноќ за време на викендите.