Има слободни работни места, но нема кадар – Беџети: Потребни се измени во Законот за образование

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според Агенцијата за вработување, бројот на слободни работни места во Северна Македонија е 8.119, додека како невработени се пријавени 106.618 лица, од кои само 47.273 бараат работа. Ректорот на УЈИЕ Абдиљменаф Беџети вели дека универзитетите мора да го следат трендот на времето и тоа може да се направи само со реформи во образованието, каде што универзитетите ќе произведуваат кадри кои му се потребни на пазарот на трудот.

„Предизвиците се уште поголеми поради конзервативниот карактер на високото образование и ретко кој го фаќа темпото на промени, додека промените стануваат поизразени од ден на ден. Потоа имаме и ригиден систем кој не дозволува секојдневно да ја менувате наставната програма и флексибилно да ја приспособувате, па сега работиме и бараме измени на Законот за високо образование за да се даде слобода на универзитетите да се повикуваат на пазарот на трудот и врз таа основа да се подготват соодветни кадри.“, рече Беџети.

Ваљон Садику од германската фондација Фридрих Хеберт рече дека токму овие предизвици ја натерале фондацијата, во партнерство со УЈИЕ, но и државните институции кои се занимаваат со вработување и пазарот на труд, да ја одржат оваа дебата, со цел да се согледаат овие предизвици, но и да се надминат.

-Посебно задоволство е бидејќи ние како Фондација секогаш ги организираме нашите активности во партнерство со институциите и локалните актери, така што за оваа тема ни е особено задоволство што најдовме партнер во универзитетот бидејќи тие се оние кои постојано работеа и работат во насока на подготовка на идните кадри или професионалци според потребата или побарувачката на пазарот на трудот. Она што денеска ќе го дискутираме се предизвиците на пазарот на трудот и кои се трендовите и барањата на пазарот на труд а кои за студентите, тоа е многу важна информација за студентите бидејќи тие ќе бидат идните работници на пазарот на трудот-изјави Садику.

На денешната панел дискусија учествуваа и раководители на пет институции од државата, како што се Дирекцијата за технологија и иновации, Агенцијата за вработување, Стопанската комора и други.