Околу ситуацијата со вакцините, Зоран Заев на денешната прес-конференција објасни дека Македонија има уплатено за вакцини за 400 илјади граѓани. Дополнително земјата аплицирала и за дополнителни 800 илјади.
„Имаме уплата за 833 илјади вкацини, за 400 илјади граѓани. Се очекуваат да пристигнат во првите месеци од 2021 година. Почнуваме преговори за директна набавка од компаниите кои ги преизведуваат. Предвиден и трет механизам за набавка на 200 милиони вакцини за членките на ЕУ, и дополнителни 100 милиони за земјите надвор од ЕУ. Ние аплциравме за дополнителни 800 илјади, од овие 100 милиони“, рече Заев.
Тој се заблагодари на Грција и на Бугарија кои помогнале во набавката на вакцини за нашата земја.
