Интегрирањето на предметите со новиот концепт за основно образование – ниту еден наставник нема да остане без работа, Фондот на часови ќе остане ист

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Реформите во образованието, повторно предизвикаа дебата во јавноста. Од Самостојниот синдикат за образование и наука и Здружението на историчари на Македонија велат дека со спојување на некои предмети според новиот концептот за основно образование ќе се намали бројот на работни места во образовниот сектор. Дури предупредуваат дека може да има прекини во наставниот процес.

Но, сите овие информации ги демантира Бирото за развој на образованието, институција која ги подготвува овие измени.

„Во нормативот за наставен кадар наведени се наставниците кои имаат заврешено студии по биологија, по хемија, по физика и по географија, како и завршени двопредметни студии во различни комбинации на предмети од оваа област.  А наставата, како и до сега (во петто и во шесто одделение) ќе ја изведува еден наставник во училиштето, согласно расположивиот наставен кадар во самото училиште и според начинот на организација на наставата“, велат од Биро за развој на образованието и науката.

Од Бирото исто така појаснуваат дека ниту еден наставник нема да остане без работа, односно нема да се намали бројот на наставници.

„Важно е да се истакне, уште еднаш, дека ниту еден наставник нема да остане без работа, без часови, заради воведување на новите наставни програми. Бројот на часови е идентичен како и порано, а она што го воведуваме со новите програми е новиот пристап, базиран на искуствено учење, на поврзување на она што се учи со реалноста, на учење преку експерименти, развивање на критичко мислење“, додаваат од Биро за развој на образованието и науката

Што се однесува до укинувањето на историјата од наставната програма, од Бирото велат дека и тоа е дезинформација и дека учениците и понатаму ќе учат историја дури почнувајќи од 4-то одделение а не од 6-то, како што беше досега.

Министерот за образование Јетон Шаќири ги објасни дилемите околу инкорпорирањето на предметите.

Од Бирото за развој на образованието и науката информираат дека овој концепт е подготвен во соработка со домашни и странски експерти, преку средби и јавни дебати.