Иран испрати заканувачка порака до САД: Не ни е гајле колку ќе трае војната, нема да се откажеме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иранскиот генерал Киомарс Хејдари изјави дека Иран „нема да се откаже од оваа војна“ сè додека не ги постигне своите цели и не им нанесе тешки удари на Соединетите Американски Држави.

„Не ни е важно колку дена ќе трае оваа војна“, рече Хеџдари, заменик-командант на централниот штаб на Хатам ал-Анбија, во изјава објавена од полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним.

Хејдари се потсети на војната што Иран ја водеше во 1980-тите.

„Доживеавме осумгодишна војна и ќе ја завршиме дури кога ќе ги постигнеме нашите цели и ќе го натераме непријателот да се кае и да ја изгуби сета надеж за својот срамен чин“, рече Хејдари.

Во меѓувреме иранската револуционерна гарда (ИРГК) денеска објави дека Ормускиот теснец, еден од најважните поморски патишта во светот, е затворен само за бродови од САД, Израел, Европа и други западни сојузници.

„Претходно рековме дека, во согласност со меѓународното право и резолуциите, Исламската Република Иран ќе има право да го контролира преминот низ Ормутскиот теснец во време на војна“, соопшти ИРГК, како што објави државната телевизија ИРИБ.

Тие додадоа дека бродовите што им припаѓаат на САД, Израел, Европа и нивните сојузници, доколку бидат забележани, сигурно ќе бидат погодени.

Ормутскиот теснец е практично затворен откако САД и Израел започнаа заедничка операција против Иран, што доведе до нагло зголемување на цените на нафтата и предизвика загриженост за можните последици врз глобалната економија.

Исто така ИРГК објави дека нејзината морнарица утрово погодила американски танкер во северниот дел на Персискиот Залив.