Италијански кардиолог кој се излечи од коронавирусот: „Смртта се заканува, најлошо е навечер“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Еден од оние кои оздравел од коронавирусот е италијанскиот кардиолог Фабио Биферали кои бил осум дена „изолиран од Светот“ на интензивна нега.

„Имав чудни болки, како некој да ми седеше на грб. Бидејќи сум лекар, би рекол дека тоа изгледа како воспаление на белите дробови. Тоа што сум лекар, ми помогна во болката. Терапијата со кислород е тешка, Некои други очајни пациенти викаа „доста, доста“.

Најлошо е навечер. Не можев да спијам. Доаѓаат сестри, даваат храна… Ноќта смртта се заканува, кошмар“, вели Биферали.