Министерот за здравство Венко Филипче одржува итен состанок со членовите на Комисијата за заразни болести откако денеска беа регистрирани 225 нови случаи позитивни на коронавирус, информираат од Министерството за здравство.
„Во моментов се одржува консултација на Министерот Венко Филипче со членови на Комисијата за заразни болести, каде се анализира актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број на нови случаи со ковид-19. Повеќе информации по завршување на средбата“, велат од Министерството за здравство.
