Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска денеска за ТВ21 одговори дали Антикорупциска може да отвори постапка во врска со опожареното непријавено возило Ауди А6 на првиот вицепремиер Артан Груби.
Таа вели дека не може да се отвори затоа што возилото е во сопственост на друго лице.
„По овие важечки закони…толку. Уште еднаш укажувам дека е неопходно донесувањето на Закон за потекло на имот, што ќе важи за сите граѓани и ќе наметне обврска да го пријават имотот, но и изворот на средства со кои го купиле тој имот.“, вели Ивановска за ТВ21.
Претходно од ОЈО за ТВ21 истакна дека надлежните ја следат имотната состојба на избраните и именувани лице, а издадена е наредба да се обезбеди и документацијата за начинот и времето на стекнување, сопственоста и користењето на возилото.
ТВ21 дознава дека иако не е во негова сопственост, опожарениот автомобилот е на првиот вицепремиер Артан Груби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- ВИДЕО: Запален автомобилот на Артан Груби
- Груби: Континуираните закани и последователни напади ги сметам за кукавички и подмолни, но немам намера да запрам
- Се огласи и Османи: Овој грозоморен чин на насилство не е само напад на почитуван колега, туку и навреда за нашите демократски вредности
- Се огласи и Бектеши: Сите заедно мораме да ја осудиме оваа неприфатлива постапка
- Адеми со поддршка за Груби: Ваквите постапки не треба да не одбиваат ниту да не плашат!
- Осуда и од Алијанса за Албанците за палењето на возилото на Груби: Ваквите хулигански дела се неподносливи во демократска земја и општество
- Реакции за изгорениот автомобил на Груби – Огранокот на ДУИ во Чаир: Нашиот прав пат никој не може да го запре
- Се расчистува случајот со запаленото возило – ОЈО: Се следи имотната состојба на функционерите, издадена наредба за обезбедување документација!
