Се расчистува случајот со запаленото возило – ОЈО: Се следи имотната состојба на функционерите, издадена наредба за обезбедување документација!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Основното јавно обвинителство за ТВ21 велат дека јавен обвинител веднаш по опожарувањето на возилото издал наредби и насоки за расчистување на настанот и за прибирање на доказите.

Тие додаваат дека меѓу преземените дејствија, издадена е наредба да се обезбеди и документацијата за начинот и времето на стекнување, сопственоста и користењето на возилото.

„Надлежен орган да ја евидентира и следи имотната состојба на избраните и именуваните лица, како и да врши проверка на податоците во изјавите за имотната состојба е Државната комисија за спречување на корупцијата. Доколку проверките упатуваат на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, обвинителството ќе постапи согласно своите законски надлежности“, велат од ОЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: