Во Лос Анџелес изгоре вилата која била сопственост на Хантер Бајден, син на поранешниот претседател Џо Бајден.
Според странските медиуми, неговата вила вреди околу 4 милиони долари. Според видеата кои се појавуваат на интернет, од куќата останале само два оџаци , а покрај вилата изгорела и куќата во која се наоѓало обезбедувањето на синот на американскиот претседател.
Џо Бајден на прес-конференцијата рече дека неговиот син живее во Лос Анџелес со сопругата и дека бил информиран дека нивниот имот изгорел до темел , но дека не е сигурен за состојбата.
Хантер Бајден е познат по тоа што неговите омилени имоти се оние покрај морскиот брег .
