Сите балкански земји се соочуваат со енергетската и економска криза што придонесе за висока инфлација. Но, само ние имаме најалчни и себични бизнисмени кои ги „пумпааат “ профитите злоупотребувајќи ја ситуацијата. Ова за тв 21 го изјави професорот Бранимир Јовановиќ , откако гувернерката Бежовска како една од причините за високата инфлација ја наведе енергетската зависност на земјава.
„Не само генерално големата увозна зависност на нашата економија, туку особено голема е увозната зависност во енергетскиот сектор“, вели Анита Бежовска.
Професорот Јовановиќ за споредба ја посочува Албанија, која има инфлација од 8%, во споредба со 20-те проценти во Македонија.
„Најзначајниот фактор во последните неколку месеци е она што економистите го нарекуваат „corporate greed”. Фирмите ја злоупотребуваат ситуацијата и ги пумпаат цените повеќе од потребното со намера да ги зголемат своите профити“, вели Бранимир Јовановиќ.
Јовановиќ смета дека треба да има поголема контрола на цените од страна на Владата, бидејќи инфлацијата сама од себе нема да се намали, туку напротив ќе расте во следниот период. НБРМ, вели, да признае дека еден од факторите за високата инфлација која се разликува од сите досегашни е тоа што фирмите ги „пумпаат“ своите профити.
Проекциите на НБРМ за растот на БДП од 2,6 % се нереални.Во втората половина од годината можеме да очекуваме или пад на економијата или раст од 0%, што значи нема шанси да ја завршиме со раст од 2,3 % објаснува Јоановиќ.
„За наредната година исто така се прави надолна ревизија за 1 % поен и се проектира раст од 2,6 %, сличен со меѓународните финансиски институции“, вели Анита Бежовска.
„Мислам дека Македонија нема шанси да ја заврши оваа година со раст од 2, 3 %, бидејќи во првата половина растот на БДП беше околу 3% веќе во третиот квартал сигурно ќе има пад на БДП“, додава Бранимир Јовановиќ.
Четвртиот квартал вели ќе биде уште полош затоа што уште повеќе „ќе удри“ енергетската криза преку цените на енергијата, струјата и се останато. Па дури ќе биде многу тешко Македонија да избегне рецесија.