Како да добиете светкави велигденски јајца: Потребно ви е бело вино и шеќер – испробајте го овој трик!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сварете ги јајцата со шеќер – трик за светкави и сосема различни велигденски јајца!

Велигден е празник кога сите ја истражуваме нашата креативност и бараме разни „diy“ проекти во кои може да учествува целото семејство.

Сега имаме интересен трик што можете лесно да го испробате, а резултатот ќе биде уникатен сјај на велигденските јајца, добиен со интересен метод.

Тајните состојки за добивање на ефект на светкави јајца се белото вино и шеќерот.

Истурете 500мл бело вино во тенџере, додадете 100 гр шеќер и ставете една кесичка боја за јајца или колачи. Ставете го тенџерето на рингла на средна топлина и додадете ги јајцата.

Гответе на средна топлина околу 30 минути, без капак. Потоа тргнете го од оган, покријте и оставете ги јајцата да стојат во течноста преку ноќ.

Наутро кога ќе ги извадите јајцата, оставете ги на конус или на салфетка добро да се исушат. За време на сушењето, јајцата ќе добијат песочна структура и ќе бидат исклучително сјајни.

ПРОЧИТАЈ И: