Вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 разговараме за нон-пејперот на Јанез Јанша заедно со Јадранка Косор, Срџан Дармановиќ, Душан Гајиќ и Вања Вардијан.
Дармановиќ рече дека големите сили нема да гледаат благонаклонето на вакви идеи, и дека Германија веќе ги отфрлила идеите за решавање на проблемите на Западниот Балкан по принцип на поделба на територии. Но истакна надеж дека минатото кое се случувало на овие простори и војните од пред 30 години, ќе ги отрезнат на некои начин „Европејците“ да не дозволат повторно тоа да се случи.
„Може со голема сигурност да се каже дека двете земји кои се многу значајни за нашиот регион, едната е Америка која не е членка на Европската Унија а е најјака сила во Европа, и Германија, нема да гледаат благонаклоно на вакви идеи. Тоа за Бајденовата администрација е помалку или повеќе веќе јасно, а Германија то го покажа кога воглавно ги отфрли идеите за решавање на проблемите на Западен Балкан по принципот на поделба на територии. Тоа не значи дека други земји нема да бидат активни и нема да ја бранат политиката на Европската Унија на Западен Балкан, но ги споменувам овие две како многу важни сили за Балканот. Од друга страна многу земји отворање на прашањето за национални држави, кои или стојат позади ова или поддржуваат вакви напори. Јас сум сепак оптимист во таа смисла и верувам дека ваков еден инцидент ќе ги отрезни тие кои одлучуваат во Европската Унија, не во смисла дека тие ќе покренат некаква спектакуларна политика на проширување која досега не сме ја виделе, но дека можеби ќе имаат во предвид дека на Балканот пред само 30 години, дури ни нешто порано се случија ужасни работи токму во името на ваквите идеи и дека ќе имаат доволно спремност за нешто такво да не се повтори“, рече Дармановиќ.
Јадранка Косор, поранешната претседателка на Хрватска истакна дека стравува дека ќе нема ефект појавувањето на нон-пејперот во ЕУ, затоа што е очигледно дека не се заинтересирани за проширување.
„Не сум премногу оптимистична и ако дозволите ќе се послужам со личното искуство. Таму некаде во 2009, 2010, 2011 морам да кажам дека всушност никој посебно или готово никој во Европската Унија не беше заинтересиран Република Хрватска да ги заврши преговорите и да постане членка на Европската Унија. Мој личен впечаток е дека сега заинтересираноста на државите членки на Европската Унија за некакво проширување е далеку помал иако има причини за тоа. Сега ќе се послужам со потполно недипломатски речник, да сум јас на чело на Европскиот Совет и да се појави ваков еден нон-пејпер јас веднаш би свикала седница на Европскиот Совет и би расправала со премиерите на државите членки и таа приказна би ја затворила засекогаш. Токму од причина што таа инцијатива доаѓа од една или повеќе, тука сега ги отворивме тие прашања, држави членки на Европската Унија. Значи на тој начин мислам дека Европската Унија требаше да реагира. За жал, не мислам дека сега тоа ќе поттикне некои нови процеси. Да речеме во случајот со Северна Македонија се случи нешто неверојатно, после еден таков голем исчекор што го направи Северна Македонија во таа желба да се придружи на Европската Унија и го промени името, а после кое не се случи ништо е за мене потполно не прифатливо“, вели Косор.
