Какви мерки воведе Шведска со појавата на Ковид-19 во оваа земја?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Докторката Лилјана Кочоска-Мараш од Шведска во ексклузивно интервју за ТВ21 посочи какви мерки се воведени во Шведска со појавата на коронавирусот во оваа земја.

„Шведска воведе мерки на социјална дистанца, хигиена, исто така се воведе рестрикција за посета на сениори во домови за постари лица. Гимназиите и универзитетите се затворени за настава, наставата се одвива на дистанца, додека пак основните училишта и градинките се се уште отворени. Продавниците и аптеките функционираат нормално, немаме ограничена дозвола на движење“, вели Кочоска-Мараш.

Таа додава дека се потенцира социјалната дистанца, односно треба да има 2 метри меѓу лицата кога се наоѓаат во продавница или аптека.

Лилјана Кочоска-Мараш е доктор по медицински науки, специјалист на гинекологија и акушерство, а работи како висок медицински советник на клиниката Ултрајин Софијахемед во Стокхолм.