Камчев сведок во „Меѓународен сојуз“ (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска во Кривичен суд Скопје, ќе се одржи рочиште за предметот „Меѓународен сојуз“, на кое како сведок се појави Јордан Камчев. Покрај него, треба да сведочи и Агапи Дика.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.