Канада: Кина погуби четворица канадски државјани поради наркотици

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Четворица канадски државјани се погубени во Кина за прекршоци поврзани со дрога, потврди официјална Отава. „Сите тие имаа двојно државјанство, а нивниот идентитет нема да биде објавен на барање на нивните семејства“, изјави канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли, пренесе Би-би-си. Золи рече дека убиствата се некомпатибилни со основното човечко достоинство и додаде дека таа лично побарала од Кина да покаже попустливост.