Премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со премиерот на Косово, Албин Курти, на која разговарале за односите меѓу двете земји, регионалната соработка и можностите за заеднички развој.
Мицкоски преку објава на Фејсбук информираше дека со Курти разговарале и за заедничките предизвици со кои се соочуваат Северна Македонија и Косово, како и за можностите за унапредување на соработката.
„Остварив средба со премиерот на Република Косово, Албин Курти, на која разговаравме за унапредување на добрососедските односи, регионалната соработка и заедничките предизвици и можности за развој на нашите две земји“, напиша Мицкоски.
Тој додава дека двете страни продолжуваат со отворен и конструктивен дијалог, со цел, како што наведува, градење стабилен, поврзан и просперитетен регион.
