Капацитетот на болницата во Кавадарци е исполнет, во другите градови има слободни кревети

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Капацитетот на болницата во Кавадарци е исполнет по последните зголемени случувања во овој град, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

Кавадарци е едно од жариштата во последните неколку недели, и таму веќе нема место во болницата.

„Исполнет е капацитетот на болницата во Кавадарци, додека во другите градови има слободни капацитети. Но, тука е модуларната болница во овој град која може да прима пациенти“, рече Филипче.

Филипче истакна дека засега овој бран не е толку силен како оној во ноември, но поради ублажување на притисокот на болниците, Комисијата за заразни болести доставила предлог за воведување полициски час од 22 до 05 часот во следните две недели.