Ѓорѓи Каракашев од Националната земјоделска мрежа во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека лоша е ситуацијата на терен.
Како што вели, истата се рефлектира преку зголемени цени и намалено производство.
„Веќе во наредниот период, со самата криза и зголемувањето на инпутите за производство, очекуваме уште поголемо влошување на состојбите. Сведоци сте дека кај нас веќе цените се астрономски на основните земјоделски производи и со тренд да раснат повеќе“, вели Каракашев.
Како што вели, сето ова е поради лошата стратегија која се креирала.
