Катастрофални услови во Житоше, тоалетот надвор од школскиот објект

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тоалетот од селското училиште во Житоше е надвор од школскиот објект. Освен тоа, условите се бедни. Без врати, без патос, а вода постојано тече. Директорот на училиштето, Шабан Салиу вели дека барал од општина Долнени да се средат тоалетите и дека очекува помош од општината.

„Сега се надеваме дека градоначалникот ќе помогне да го реализираме овој проект за уредување на тоалетите внатре во училиштето. “, рече Салиу.

Инфраструктурата на училиштето бара многу нови работи.

“И подот треба да се среди, тоа е малку поголема инвестиција. Тука се разговара за поголеми површини, затоа се надеваме градоначалникот да излезе во пресрет за да ги подобриме условите.“, вели Салиу.

Во училиштето во Житоше се работи на поставување централно греење. Првиот кат од училиштето речиси да е претворен во работилница. Градоначалникот на Долнени, Џемил Ќамили, по телефон ни кажа дека во текот на летниот распуст ќе се врши реновирање. Го прашавме и министерот Адеми за условите на ова училиште а тој ни рече дека општината треба да покаже поголем интерес во тој правец.

Инаку во училиштето во Житоше учат 336 ученици во 22 паралелки.