Казни од 500 до 10.000 евра и затворање на компанијата, владата го усвои Законот за заштита на потрошувачите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Казни од 500 до 10.000 евра, како и затворање на бизнисот, предвидува новиот Закон за заштита на потрошувачите од нечесните трговски практики.

Законот неслучајно е донесен сега, имајќи предвид дека на сила се неколку владини одлуки за заштита од превисоките цени. Во оваа насока, Бектеши, истакнува дека секојдневно ја следат состојбата со цел носење на потребните решенија. Не ја исклучува можноста во следните месеци да има повторно замрзнување на цените.

До крајот на неделава се очекува да има дополнително намалување на цените, како резултат на одлуката за ограничување на маржата, а доколку не се случи тоа, ресорниот министер најавува нови мерки на следната владина седница. Инаку, новиот Закон за заштита на потрошувачи треба да помине и во Собрание, а со стапување на сила прекршоци и трговски неправилности ќе можат да пријавуваат и граѓаните.