Ќе и дојде ли крајот на корупцијата? Цаца Николовска: Борбата со ова зло има огромна важност за земјава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ќе има ли конечно сили за да се справиме со корупцијата, особено сега, откако и американскиот тим за санкции од Вашингтон веќе е во земјава. Маргарита Цаца Николовска од Институтот за човекови права во вчерашниот магазин на ТВ21 Клик плус истакна дека ова е од огромна важност за државата бидејќи, како што истакна очигледно имаме голем проблем со ова зло. Таа се задржа и во делот на правосудството, а го посочи Обвинителството како институција која многу малку отвори случаи кои ги процесуираше Антикорупциската комисија.

„Ако ги следиме нивните искажувања имаат проблеми во насока на тоа што е само нивна надлежност. Нивна надлежност е нешто да утврдат и тие го препраќаат до Обвинителство, Обвинителство што прави понатаму, според нивни искажувања не се задоволни со работата на Обвинителството, за да после тоа евентуално дојде до суд и тоа да се процесуира. Очигледно повторно ќе споменам дека има некој простор на немоќ.“, вече Николовска.

Во битката со корупцијата не треба да се запостават и состојбите во судството, особено поради фактот што предмети кои што ги има отворени и Специјалното јавно обвинителство, се уште стојат во фиоките. Така е случајот со Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ кои се обвинети за местење избори, потоа случајот Таргет Тврдина, а околу две години стои во фиока случајот Транспортер поврзан со корупција.

„Факт е дека и ова остава простор за сомневање затоа што ќе видите дека овие предмети се несвојствено долго пред Апелациониот суд или се несвојствено долго во некоја фаза на изработка а пресудата и објавување на пресудата. Судскиот совет исто така има можност да увиди во ваквите случаи дали станува збор за некакво несоодветно постапување од страна на судиите или постојат објективни фактори поради кои не може да се донесе одлука.“, изјави Аврамовски.

Отворањето на прашањето со борбата против корупцијата и состојбата во правосудството се случува откако Соединетите Американски Држави преку амбасадорката Ангела Агелер најави помош за справување со корупцијата, но и отворањето на скрининг процесот од Поглавјето 23 кое се однесува на правосудството усогласување на правниот систем на земјава со европското право во областа на судството како и антикорупциската политика.