Легендарниот италијански стадион „Сан Сиро“ наскоро ќе замине во историјата. Стадонот познат уште и под името „Џузепе Меаца“ ќе биде срушен поради тоа што италијанското министерство за култура смета дека нема кулуролошка вредност.
Двата клуба кои играат на овој стадион Милан и Интер, изразија желба да изградат нова арена на која повторно ќе играат заедно.
На таа идеја се противи градоначалникот Бепе Сала кој смета дека постоечкиот стадион треба да биде реновиран.
Сепак, неговиот план бил одбиен.
Овој стадион во педесетите и деведесетите беше реновиран, но поради тоа што тие интервенции не се постари од 70 години, не може да биде заштитен како архитектонско добро, и затоа ќе биде срушен.
