Ќе се вакцинираат од 4.000 до 7.000 лица на ден?! – Започна масовната вакцинација во „Борис Трајковски“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вработени во Министерството за внатрешни работи и АРМ, медицински лица новинари и вработени во медиуми, во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП Скопје, пожарникарите, воспитувачки во градинките и вработените се вакцинираат во салата „Борис Трајковски“ како дел од  масовната вакцинација против Ковид 19.

Вакцинацијата ќе се одвива секој ден од 8 часот изутринава до 20 часот на 48 пункови. 

Вакцинација се врши со вакцината „Спутник“ што земјава ја доби како донација од 20.000 дози од Србија. За почеток во просек се планира да се вакцинираат по 4.000 луѓе на ден, а понатаму и 7.000 граѓани на ден. 

„Вклучена сум во масовната вакцинација денеска се помина во одличен ред, немавме никакви проблеми, имавме голема заинтересиранот за вакцинирање, се надевам и во наредните денови ќе биде исто така. Како здравствен работник им препорачувам на сите граѓани да си се вакцинираат да го победиме ова зло што не снајде“, истакна Сабиха Старова.

Најприсутни и заинтересирани за вакцинирање беа здравствените работници. Апелираат до граѓаните да се вакцинираат, објаснувајќи дека во моментов тоа е единствениот излез од Ковид кризата и дека вакцината не може да биде поопасна од самиот вирус за здравјето на луѓето.

-Бевте во дилема дали да се вакцинирате, која вакцина да ја примивте?

„Не бевме во дилема, за вакцина можеби бевме, но се решивме да се вакцинираме. Јас имам прележано, но решив да се вакцинирам, бидејќи секој ден имам контакт со пациенти. Исто и пациентите да ги заштитеме, не само ние да се заштитиме“.

-Бевте во дилема дали да се вакцинирате?

„Не“.

-Во однос на вакцините, која вакцина би ја примиле?

„Не, која и да е. Се работи за здравје“.

-Се вакциниравте?

„Да, да се вакцинирав“.

-Вие сте медицинско лице?

„Општа болница Струга, хурургија отсек. Одвај чекав одлука да се вакцинираме, бидејќи придобивката од самата вакцина е многу поглема од самат болес“т.

По паузата викендов, денеска во здравствените домови продолжува вакцинацијата на лицата над 77 години со вакцината на „АстраЗенека“. Досега се вакцинирале околу 3.000 лица постари од 77 години и 7.000 здравствени работници.