Кенеди не сака да биде потпретседател на Трамп

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Американскиот претседателски кандидат Роберт Кенеди помладиот денеска изјави дека не сака да биде потпретседател на Доналд Трамп доколку победи на претседателските избори во ноември.

-Мислам дека мојот брак не би го преживеал тоа, изјави Кенеди на премиерата на 12-тата сезона на ситкомот „Curb Your Enthusiasm“ во Лос Анџелес.

-Мислам дека е во право, додаде неговата сопруга, актерката Шерил Хајнс.

Во изминатите неколку дена американските медиуми објавија дека тимот на Трамп му пристапил на Кенеди со предлог да биде потпретседател на кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија.

Комуникацијата, наводно, била воспоставена „веднаш кога Роберт ја објавил“ својата претседателска кандидатура.

Кенеди Џуниор ја најави својата кампања за претседателските избори во април 2023 година, првично како кандидат на Демократската партија.

Сепак, во октомври најави дека ќе биде независен кандидат.