Клиника за детски болести: Најстрого се забранува посета кај пациентите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Клиниката за детски болести на својот Фејсбук профил од денеска најстого ја забранува посетата кај пациентите поради опасноста од ширење на коронавирус.

Тие апелираат и до родителите на децата кои се хоспитализирани, да имаат разбирање за оваа одлука, да не инсистираат на влез, бидејќи здравјето и безбедноста на детето е поважно од се.

Исто така, се замолуваат и родителите кои веќе лежат на Клиниката со своите малечки, без нужна потреба да не ја напуштаат клиниката, и да ги преземат сите мерки на заштита.