Кој и да го прекршил законот мора да сноси одговорност, но не и самиот тој. Во Министерството за транспорт и врски нема ниту едно прекршување. Обврската да се пријавуваат нови возила или да се бараат изводи за лиценци ја имаат согласно законот правните лица коишто вршат таков превоз – вели министерот за Транспорт и врски Благој Бочварски. Па, на прашањето дали размислува за оставка, ни одговори.
„Не гледаме каде има нерегуларности во Министерството за транспорт и врски бидејќи и во случај со конкретниот превозник, Министерството за транспорт постапило согласно Законот и не е прекршена ниту една одредба. Во однос на контролата за поседување на лиценците, веќе неколку пати спомнавме дека Министерството за транспорт и врски согласно своите надлежности не е испекциски орган, таа надлежност ја има Државниот инспекторат за транспорт и Царинската управа при влез и излез од државните граници“, вели Благој Бочварски.
Кога станува збор за одговорност за сега само двајца царински службеници ќе бидат суспендирани и дисциплинска за раководителот. Ваквата одлука доаѓа откако првичните наоди од внатрешната контрола покажале дека на 18 ноември, цариниците не го евидентирале електронски излезот на автобусот на „Беса транс“, односно само извршиле заверка на евидентен лист за превоз на патници. На прашањето Дали биле регистрирани други неправилности во работењето на цариниците или само на оние што биле на смена кога поминувале автобусите на БЕСА Транс од Царинската Управа, велат:
„Извештајот на внатрешната контрола ќе биде готов во среда. Во моментов за предметниот автобус има две суспензии за цариниците и дисциплинска за нивниот претпоставен. Што ќе биде натаму, ќе покаже извештајот“, велат од Царинската Управа.
Кога сме кај одговорноста иако роднините на починатите од првиот ден очекуваат средба со сопственикот на компанијата со која се превезувале нивните блиски, тој се уште се нема појавено во јавност. Канцеларијата беше обезбедувана од полиција. Истрагата мора да се води во институциите не во јавноста и медиумите -вели Оливер Спасовски на прашањето каде се наоѓа сопственикот на БЕСА Транс.
„Ќе ги дадеме информациите после завршувањето на постапувањето во фирмата БЕСА ТРАНС и според наредбите кои ги издаваа Јавноо Обвинителство се во интерес на истрагата“, посочи Оливер Спасовски.
Бугарските медиуми пак пишуваат дека имал закани од за убиство и се наоѓа во Бугарија.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат за неодговорност на власта при расветлување на случајот:
„Според Законот за пензиско и инвалидско осигурување директорот Руфат Хусеини ги исполнува законските обврски за пензионирање уште од месец март оваа година па јавноста треба да слушне одговор дали неговото продолжување на функцијата е да се овозможува незаконски транспорт на фирмите“, порача Марија Митева.
Митева додава дека срамно е што власта не превзема одговорност и корумпираност, туку виновни се луѓето кои не ја забележале истата.
