Кој се може да добие лиценца? – Син на осуден градоначалник за шверц на цигари ќе одгледува канабис

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Еко енерџи космос“ доби лиценца за обработка и продажба на канабис за медицински цели, со одлука на владина седница, која е објавена во службен весник на 13 мај. Управител на фирмата е Перо Стојчев, син на поранешниот градоначалник на струмичко Ново Село, Боро Стојчев, осуден за шверц со цигари.

За ова се прогласи и претседателот на државата Стево Пендаровски. Побара владата да ја преиспита ваквите одлуки.

„Ја видов таа уредба и да побарате одговори од Владата таа или слични такви уредби зошто се сега баш донесени. Па плус прашање зошто на тој човек му се дадени, споменуван сега во медиумите како човек кој се бави со некаква недозволена трговија и шверц на цигари“, истакна Пендаровски.

Целиот случај го започна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, кој скандалот го откри во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на Тв21

Димче Арсовски: „Дали знаете кој е управител на таа фирма, кој е еден од менаџметот?

Костадин Костадинов: Ниту знам ниту ме интересира.

Димче Арсовски: „Тој е Перо Стојчев син на вашиот кадар кој беше осуден на шверц на цигари. Поентата ми е дека и во време на вондредна состојба, во време кога граѓаните не знаат како ќе се прават со целава криза и во време кога граѓаните остануваат без работа и немаат примања дома вие како СДСМ и Влада донесувате одлука за давање на лиценца“

Од владата велат дека решение за давaње на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, издава Министерството за здравство врз основа на позитивно стручно мислење на Комисијата за оценување на исполнувањето на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели. За сите донесени решенија Министерството за здравство е должно само да ја информира Владата. Од таму додаваат дека на 18-ти март Комисијата извршила увид, и заклучила дека фирмата ги исполнила сите услови и дека тогаш е доделено решението. Министерството за здравство а 12-ти мај ја известило владата. Од владата се категорични дека нема ништо спорно во доделувањето на лиценца за Компанијата Енерџи Космос.