Огромни површини со шуми се претворија во пепел во Македонија. Екологистите велат дека уништувањето на шумите ќе има последици кои сите ќе ги почувствуваме.
Пожарите на Македонија и носат милионски загуби со уништувањето на најголемиот национален ресурс.

Новообјавениот извештај на јавното претпријатие „Национални шуми“ покажува дека минатата година штетата била повеќе од 80 милиони денари, но има и години кога таа била преку 30 милиони евра.
Пошумувањето на нови површини во земјава опаѓа во изминатава деценија. Во 2020 година во Македонија биле засадени нови дрвја на површина од 569 хектари, што е второ најниско ниво во изминатава деценија по 2017 година, кога биле пошумени 553 хектари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

