Колку министерства може да добие Алијанса доколку влезе во Влада? Сѐ уште ја чекаат конечната понуда од Владата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ништо ново во врска со преговорите за можно проширување на парламентарното мнозинство. Ниедна од партиите не признава дека е разговарано за поделба на ресорите, иако ТВ21 од извори кои сакаат да останат анонимни дознава дека веќе на АА и се понудени неколку пакети со министерства и управи со кои АА ќе раководи доколку одлучи да стане дел од владата.

Неофицијално се дознава дека АА на почетокот побарала 4 министерства а од владата и биле понудени две, но сега за сега се дознава дека постои можност за конечен договор АА да добие три министерства. АА се уште ја чека конечната понуда од владата, која потоа ќе се разгледува во партијата. Од АА за ТВ21 велат дека не е предвидено средба следниве денови.

-Нема покана за средба следниве денови. Кога ќе има нешто конкретно, ќе објавиме-велат од Алијанса.

ТВ21 исто така од свои извори дознава дека АА најверојатно ќе треба да избере меѓу МЗ, Правда, Земјоделство, Образование и Животна средина. Доколку евентуално АА побара две министерства од една иста партија, тогаш СДСМ и ДУИ меѓу себе ќе си разменат министерства.

Аналитичарот Имер Селмани, во интервју за ТВ21 рече дека влезот на АА во влада може да биде нож со две острици за оваа партија, бидејќи од една страна ќе придонесе за унапредување на интеграциите, а од друга страна, со оглед на тоа што е последна година од мандатот на оваа влада, ризикува да остане без својот електорат.

-Многу е нормално да се стави на маса и влезот на АА во влада. Но тоа и припаѓа на самата партија, тоа е суверена одлука, да се проценат добивките на државата во овој случај но и ризикот на АА на крајот на мандатот или во последната година од мандатот да станува дел од парламентарното мнозинство што може, од аспект на избори или ако се калкулира со гласови, да биде нож со две острици-рече Селмани.

Од тоа партиски извори се дознава дека има преговори меѓу 3 владини партнери, Димитар Ковачевски, Али Ахмети и Африм Гаши, но официјално не се дава никаква информација. Од АА потврдија дека во петокот имало средба Гаши-Ковачевски а додаваат дека “на средбата е разговарано и за можноста за проширување на парламентарното мнозинство и заедно е констатирано дека во моментов ништо не е сменето во поглед на парламентарното мнозинство.