Конфликт меѓу ДУИ и ВРЕДИ за законот за јазиците, Мицкоски повикува да не се врши притисок врз судот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Демократската унија за интеграција го нарекува лажго првиот вицепремиер Изет Меџити, откако вчера изјави дека ДУИ го предложила законот за јазици заедно со СДСМ во 2017 година. Од ДУИ не го демантираат тоа, но потсетуваат Меџити ги водел преговорите за законот за јазиците.

Од ДУИ ги обвинуваат Меџити и коалицијата ВРЕДИ дека се претвориле во бранители и промотори на антиалбанската политика на ВМРО, а секој напад врз Албанците велат дека се обидуваат да го релативизираат и да го свртат вниманието кон ДУИ или Европскиот фронт.
За законот за јазиците напиша и Арбен Таравари од коалицијата ВРЕДИ. Преку статус на Фејсбук, вели дека ДУИ иако била на власт 22 години, го корумпирала албанскиот јазик. Заканувајќи се со фолклористички јазик, мислат дека ќе се ослободат од картата на национализмот, вели Таравари.

Таравари ДУИ ја споредува со Левица. Вели дека заеднички им е стравот. Левица се плаши од автохтони јазици, ДУИ се плаши од правда, додава Таравари.

За законот за јазиците беше прашан и премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека Уставот не е шведска маса, па можете да земете што сакате и да оставите што не ви се допаѓа. Во него пишува дека мора да се почитува Уставот, дури и ако нешто не ви се допаѓа. Тој ги повикува политичките партии да не вршат притисок врз судството.

Уставниот суд на почетокот на октомври треба да одржи рочиште за уставноста на законот за јазиците бидејќи до судот се пожалиле вкупно 13 здруженија, граѓани и политички партии. Покрај законот за јазици, Уставниот суд мора да донесе одлука и за Балансерот, чие рочиште е закажано за 18 септември.