Кордалов: Компаниите многу повеќе вложуваат во процесот на дигитализација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Компаниите многу повеќе вложуваат во процесот на дигитализација, бидејќи колку поголема фирма имате, поголем број на луѓе со коишто треба да менаџирате толку поважна ви е дигитализацијата“, смета специјалистот за односи со јавноста Бојан Кордалов.

Тој во емисијата „10 минути“ на ТВ21 посочи дека дигитализацијата не треба да ја сфаќаме како нешто долго и исцрпувачко, туку како нешто практично.