Ковачевски: Како Влада апсолутно сме подготвени – „Далеку сме од криза за основни продукти“, а брашно нема

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Секој денар од буџетот ќе биде насочен полесно да го пребродиме овој бурен период. Владата сите ресурси и енергија правилно ќе ги насочи кон справување со кризата и ќе има економска поддршка на граѓаните и стопанството, рече премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето до јавноста рано утрово.

Тој вели дека нашата изложеност на украинската и руската економија е мала, а чекуваното глобално влијание на покачувањето на цените на основните прехранбени продукти и енергенсите што би значело дополнително продлабочување на постоечката енергетска криза е нешто за што ние како Влада сме апсолутно подготвени, дециден е Ковачевски.

„Поголемите предизвици кои стојат пред нас се економски. Поради воените дејствија на Русија против Украина, глобалната енергетска и економска криза сега се продлабочува. Не очекува неизвесна година кога економијата  во Европа и светот ќе претрпи штети. Би сакал да ве уверам дека Владата одблиску ги следи промените во светските економски текови и како и до сега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес за заштита на домашната економија и финансиската сотојба на граѓаните“, истакна Димитар Ковачевски.

Македонија пченица увезува од Бугарија и Србија. Но тие сега одлучија да го запрат извозот. Одлучивме да ги посетиме маркетите и да видиме дали е зголемена потрошувачката на брашно. За разлика од почетокот на пандемијата кога панично се купуваше брашно, овојпат барем оние со кои поразговаравме се далеку посмирени и велат дека сме далеку од криза за основни продукти.

„Не правам залихи, купувам 1кг. Брашно, еден зејтин колку што ми треба и мислам дека нема да дојде до криза за основни продукти кај нас, далеку сме“. 

„Ништо повеќе од она што ми треба не купувам. Повеќе купуваат децата син ми и снаа ми. Јас ова чат-пат и мене лично што ми треба и попатно ми текне нешто. Гледам сте купиле 5 кг. Брашно се плашите дека ќе го снема? Нема врска, а и да го снема, ќе нема еден ден два, за тоа ли ќе дигаме паника?“ 

Но, сликата на полиците кажува друго дека сепак се празни или делумни празни онаму каде треба да има брашно. И Претседателот Пендаровски смирува дека иамме стокови резерви, но само да не потрае руско-украинската криза повеќе од неколку месеци.