Ковачевски: За 20 дена ќе има нов директор на АНБ (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски ќе биде сменет од функцијата.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција, по новинарско прашање од ТВ21 за тоа дали ќе има одговорност за директорот на АНБ за скандалот со случајот „Онишченко“, истакна дека за 20 дена од денеска Агенцијата ќе има нов директор.

„Во однос на раководењето со АНБ, за 20 дена од денес ќе има нов директор на АНБ“, порача Ковачевски.