КРИСТИЈАНО РОНАЛДО испрати авион полн со помош за луѓето кои загинаа во земјотресот што минатиот месец ги погоди Сирија и Турција, објави денеска Дејли мејл. Фудбалерот на Ал Насра реши на овој начин да ја изрази својата поддршка за Турција, каде загинаа повеќе од 50.000 луѓе.
Португалецот платил шатори, пакети со храна, перници, ќебиња, кревети, храна за бебиња, млеко, лекови и други видови помош за да се натоварат во авионот, што би можело да биде корисно за жртвите од драматичните случувања во минатиот месец.
Ова не е првпат Роналдо да се изрази со хуманитарна донација. Тој еднаш платил 83.000 долари медицински трошоци за операција на тумор на дете, а претходно платил 165.000 долари за помош во изградбата на центар за лекување на рак во Португалија. Во екот на пандемијата на коронавирус, тој донираше еден милион долари на португалските болници.
