Криза и инфлација има, но и за патувања за Анталија и Египет слободни чартери дури од октомври

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И покрај економската криза и инфлацијата има голем интерес кај нашите туристи за патување ова лето- велат од туристичките агенции. Најавата на претседателот на Угостителско-туристичката комора на Македонија Аркан Керим дека летово околу 150 000 туристи ќе отпатуваат во Турција полека се реализира.

-Ние веќе сме распродадени скоро  80% од сезоната е веќе распродадена. Интересот е огромен како за Турција така и за Египет. Она што ме прашавте за слободни места, крајот на август се пополнува, а се пополнува и септември, вели туристичкиот работник Виктор Медуњанин.

За Анталија и Египет слободни чартер летови има дури од октомври.

Ова година можеме да се пофалиме дека има интерес, дури нема слободни места врз основа на тие барања кои ги имаме во моментов. На прво место најбарана дестинација е Турција, Анталија, Бодрум. Исто така голем е инетерсот и за Египет и Тунис, изјави Ана Марија.

Цената на аранжманите се движи од 400 евра по лице па нагоре, зависно од хотелот и местото. Најчесто на база на се вклучено. Со оглед на поскапувањата, цените на арнжманите се покачени за 10 до 20% велат од туристичките агенции.