Куќата на Хитлер ќе биде пренаменета во полициска станица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Куќата каде што е роден нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, во Браунау, западна Австрија, ќе биде пренаменета во полициска станица. Министерството за внатрешни работи на земјата веќе го избра и проектот за реконструкција.

Измените подразбираат „козметичко дотерување” на фасадата и поставување нов кров. Сѐ тоа би требало да биде завршена до 2023 година. Конкурсот го доби архитектонската канцеларија Марте.Марте.

Хитлеровата родна куќа, инаку изградена во 17. век, по долгогодишен спор со сопствениците, беше национализирана 2016 година, а државата тоа ја чинеше 800.000 евра. Реконструкцијата ќе чини околу пет милиона евра, изјави надлежниот шеф на секцијата во Министерството, Херман Фајнер.

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер објасни дека со ова, државата сака да спречи тоа да биде во „поклоничко место“ за неонацистите.

– Едноставноста на проектот е таа што беше прифатена од комисијата. Внатрешната структура на објектот ќе биде задржана, нагласи Нехамер.

Пред зданието, сега има камена плоча со натпис што укажува дека тоа е родната куќа на Хитлер. Тој се родил во неа, но живеел тука само неколку седмици, по што семејството се преселило во друга куќа во тој крај, а по три години и трајно го напуштилe градот. Сепак, таа куќа често ги привлекува неонацистите, поради што властите решија да ја национализираат.