Второ место на светскиот куп во кик-бокс освои кумановецот Данило Методиевски, член на кик-бокс клубот „Предатор“, информираа денеска од клубот.
Натпреварот се одржа викендов во Италија.
Методиевски се натпреварувал против учесници од Италија, Хрватска и Чешка.
Тој ги совладал натпреварувачите од Италија и Хрвастка, но загубил во третата борба и станал светски вицешампион.
Ова е највисок резултат за Данило и за клубот од Куманово.
– Сите борби се одвиваа во 45 минути со кратки паузи. Данило покажа како се бранат боите на Куманово и Македонија. Се гордееме сите со постигнатиот успех на Данило“, велат од КБК „Предатор“.
